29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈагуар го претстави најмоќниот и најбрзиот модел во историјата (фото+видео)

Јагуар го претстави најмоќниот и најбрзиот модел во историјата (фото+видео)

jaguar-f-type-project-7-1

Британската марка за спортски и луксузни автомобили Јагуар го претстави својот модел „F-Type Project 7“, кој ќе се појави за прв пат пред публика на Фестивалот на брзината во Гудвуд.

Суперавтомобилот е базиран на истоимениот прототип, кој беше прикажан една година порано. Дизајнот е во стилот на класичниот спортски јагуар „D-Type“, кој учествувал три пати во автомобилскиот маратон „24 часа Ле Ман“ во 50-тите години на минатиот век.

jaguar_f_type_7_concept_02-0710

„F-Type Project 7“ е опремен со 8-цилиндричен V8 мотор со вртежен момент од 680 Nm и моќност од 575 КС, со кој забрзувањето од 0 до 100 км/ч го постигнува за 3,9 секунди. Максималната брзина на возилото е 300 км/ч. Менувачот е осумстепен автоматски „ZF“, а сопирачките се карбон-керамички.

Ова возило ќе биде произведено во 250 примероци, секој со цена од 135.000 фунти.

jaguar_f_type_7_concept_04-0710

Секој Јагуар ќе има изгравиран сериски број на специјална метална плоча помеѓу седиштата плус потписот на главниот дизајнер на компанијата Иан Калм. Првите клиенти ќе ги добијат своите автомобили во средината на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП