2 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.06.2014

Дневен хороскоп 26.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не преземајте никаква работа за која не сте сигурни дека можете да ја завршите до крај. Семејните расправии и тврдоглавоста во љубовните односи ќе ви создава немир и потреба нешто да промените во блиските односи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе се однесувате непромислено. Можно е да ги пропуштите предизвиците. Додека во прашањето поврзано со работата воглавно ќе бидете трезвени практични и внимателни. Во меѓучовечките односи покажувате нетрпение.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ви престои решавање на проблемот кој подолго време ве мачел и ве блокирал. Во секој случај ќе имате среќа и успех, па и во финансиите. Некои од вас ќе имаат успех и во новата деловна соработка. Најубаво ќе се чуствувате во вашиот дом.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Чувствувате голем притисок од околината и не ќе можете да се контролирате дури ќе помислите и дека имате скриени непријатели. Во љубовта вашите шанси се на минимум. Сепак ве очекува тајна авантура.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ви се укажуваат повеќе прилики да запознаете неколку личности со кои ќе можете да остварите бурна врска. Вие сте на потег да бирате. Може да се случи и малку да претерате со страстите. На работното место ги привршувате работите кои порано сте ги започнале, а за тоа ќе ви биде овозможена пријатна работна атмосфера.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе ви се заострат семејните односи а треба додатно да се внимава и на љубовните врски, бидејќи ќе бидете склони кон љубомора, вербални судири и чудно расположение. Негувајте го оптимизмот и покажете ги вашите способности, ако сте се двоумеле за некое патување тогаш не го одложувајте.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Правилно ќе ја насочите вашата енергија и потребата за делување, така што ќе можете да направите чуда. Спојот на срцето и главата ќе ви помогне и во работата и во приватните одлуки. Немојте да дозволите грешките од минатото да се повторат или да ве вовлечат во нов круг без излез.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Нагласен е вашиот интелект и ќе се покажете како одличен набљудувач, уверлив говорник во важните преговори. Вашите планови се менуваат, но добро е да разговарате за сите можности, па да ги искористите моќните познанства за сопствено издигнување.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Од пријателите денес можете да очекувате сосема конкретна помош, што ќе ви олесни околу донесувањето на некои одлуки како и решавање на некои проблеми. Ако имате план да и се доближите на некоја личност од спротивниот пол најпрво дознајте дали личноста е слободна, дури потоа прејдете во офанзива.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе размислувате и ќе разговарате за вашата иднина, но заклучокот нема да зависи од вас. Привлечноста на новите предизивици кои носат патување и пошироки промени ви одговара, додека пак во финансиската неизвесност сепак се смирува топката и ве враќа во пореалните кругови.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Објективните околности нема да ви дозволат работата да ја доведете до крај. Без грижи тоа ќе трае многу кратко така што ќе имате време се да поправите. Постои можност да заминете на некој службен пат. На љубовен план ве очекува средба со некоја за вас сродна душа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Искористете ги поволните прилики или нечија наклонетост како би си ја поправиле вашата финансиската состојба. Одлучете се за кредит, позајмица, распрашајте се за предностите на осигурување или стипендија. Во љубовта ве очекува пријатно изненадување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП