2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКросоверот „Буба“ се поблиску до производство (фото)

Кросоверот „Буба“ се поблиску до производство (фото)

kros buba

Иако „Volkswagen“ прв ја обнови својата, некогашна икона – „Буба“ и ја претвори во модерен лајфстајл модел, „MINI“ е тој кој го искористи целиот потенцијал на новата генерација на овој вид на автомобили. Но „Volkswagen“ би можел наскоро да тргне по истата патека и да понуди на пазарот кросовер верзија на современата „Буба“.

„Volkswagen“ досега претстави два модели во рамките на обновувањето на „Beetle“ семејството – стандардна верзија и кабриолет.

kros buba1

Од друга стана, „MINI“ не престанува со претставување на пазарот на нови верзии, а најновиот модел, осмиот по ред е хечбек со 5 врати.

Во „Volkswagen“ не кријат дека би сакале да ја прошират својата понуда на лајфстајл модели, а најблизок до сериско производство е концептот „Beetle Dune“, кој имаше премиера во јануари 2014-та во Детроит.

kros buba2

Најновите фотографии за кои од „Volkswagen“ велат дека претставува „автомобил кој има дизајн близок до продукцискиот модел“, потврдува дека германскиот производител ќе тргне во таа насока.

Засега не се познати техничките детали за евентуалната сериска верзија, но концептот „Dune“ е опремен со 2.0-литарски турбо-бензинец со 201 ks. Снагата се пренесува на предните тркала со помош на автоматскиот шестстепен „DSG“ менувач со двојно квачило.

kros buba3

Не стануваше збор за верзија со погон 4×4, иако не треба да се исклучи ниту таквата можност.

„Volkswagen“ во 2000-та за прв пат излезе во јавноста со студија кросовер „Буба“, но се чини дека овој пат се одлучни дека еден таков модел ќе понудат на пазарот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП