„Opel“ во понудата на моделот „Astra GTC“ вклучи нов 1.6-литарски „CDTI“ турбо-дизел мотор со 136 „коња“.
Новиот дизел агрегат ќе ја замени претходната 1.7-литарска верзија од која е помоќна за 7 ks. Покрај тоа, максималниот вртежен момент е зголемен за 20 Nm и сега изнесува 320 Nm.
Со новиот мотор, „Astra GTC“ забрзува од 0 дo 100 km/h зa 10,2 секунди и ги достигнува максималните 198 km/h.
Покрај тоа што е побрза од 1.7-литарската дизел верзија, „Astra GTC 1.6 CDTI“ e и поекономична благодарејќи на старт-стоп системот и подобрениот шестстепен мануелен менувач.
Според фабричките податоци, просечната потрошувачка во комбинираниот режим на возење изнесува 4,1 l/100 km, a автомобилот емитува 109 грама јаглерод-диоксид по километар.
„Opel Astra GTC 1.6 CDTI“ најпрво ќе пристигне во германските салони за автомобили, а таму ќе се продава по почетна цена од 24.390 eвра.