2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat Leon X-Perience за сите терени (фото)

Seat Leon X-Perience за сите терени (фото)

leon perience

„Seat“ сe придружи на бројните производители кои во својата гама имаат „крос“ односно „олраунд“ караван модел. „Leon X-Perience“ е заснован на „ST“ верзијата и е прилагоден така да може да се движи и надвор од асфалтираните патишта.

Во почетокот на 2014-та година, „Seat“ го претстави моделот „Leon ST 4Drive“ со погон на сите четири тркала.

leon perience1

Купувачите кои посакуваат нешто повеќе робустен автомобил со слични возни карактеристики од есен на располагање ќе добијат уште еден модел со 4×4 погон, на кој шпанскиот производител му ја додели ознаката „X-Perience“.

Во однос на стандардната караван верзија, „Leon X-Perience“ има за 15 mm поголемо растојание од земја и карактеристични заштитни додатоци на долните делови на каросеријата.

leon perience2

Специфичниот дизајн на надворешноста е во целост потполнет со елегантните покривни шини, панорамскиот покрив и специјално дизајнираните алуминиумски бандажи кои се достапни во димензии од 17 или 18 инчи, a бојата која е одбрана за автомобилот на фотографиите го ублажува неговиот „офроуд“ изглед.

Внатрешноста, која во поскапите верзии е преслечена во квалитетни материјали, како што се кожа и Алкантара, даваат впечаток дека се наоѓате во премиум автомобил.

leon perience3

Волуменот на багажникот е ист како и кај стандардниот караван и се движи од 587 литри со кренати потпирачи на задните седишта или до максимални 1.470 литри, кога тие се спуштени.

„Seat Leon X-Perience“ е опремен со систем за постојан погон на сите тркала кој користи „Haldex“ квачило од петтата генерација.

leon perience4

Понудата на мотори опфаќа бензински 1.8 TSI со 180 ks (132 kW) и 280 Nm и три дизел агрегати.

Најслабиот, 1.6 TDI произведува 110 ks (81 kW) и 250 Nm. Покрај него тука се и две 2.0-литарски „TDI“ единици со 150 ks (110 kW) и 320 Nm и 184 ks (135 kW) и 380 Nm.

leon perience5

Сите мотори стандардно се поврзани со шестстепен мануелен менувач, додека како опција во понудата е „DSG“ менувач со двојно квачило.

„Seat Leon X-Perience“ ќе има официјална премиера на саемот во Париз во октомври 2014-та, а веднаш потоа ќе се најде во продажните салони ширум Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП