18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda повлекува над 2 милиони автомобили поради технички проблем

Honda повлекува над 2 милиони автомобили поради технички проблем

honda servis309

Јапонскиот автомобилски гигант „Honda“ повлекува повеќе од 2 милиони автомобили ширум светот поради проблем во воздушните перничиња, објавија светските агенции.

Станува збор за возила на „Honda“ кои се произведувани во периодот меѓу август 2000-та и декември 2005-та година и тие биле пласирани на домашниот и регионалниот пазар, како и во САД.

Евентуалниот проблем е во делот кој го надувува воздушното перниче, па има опасност при таква ситуација да се појави оган и луѓето кои се наоѓале во автомобилот да бидат повредени.

Во почетокот на јуни поради истата причина ривалот „Toyota“ повлече 2.27 милиони автомобили.

Денес се појави информација дека и компаниите „Nissan“ и „Mazda“ ќе повикаат на сервис 2.03 милиони и 157.800 од свои автомобили за кои се верува дека имаат проблем со воздушните перничиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП