2 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.06.2014

Дневен хороскоп 21.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Финансиската состојба ви е доста нестабилна, а тоа вашата и онака комплицирана ситуација на работното место ја прави уште потешка. Морате некако да го издржите овој ден и да се надевате на брз расплет. Играјте игри на среќа. Сите ваши емотивни сили вложете ги во нешто што може секој момент да се претвори во голема љубов.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ви се наметнува една ситуација во која не постои среден пат или пак некое полесно решение, па затоа ќе морате да заземете поцврст став и да се одредите за тековните превирања. За резултатите многу ќе зависат моменталните случувања. Внимавајте да не ја ставите на коцка вашата краиера или угледот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Поделете ги идеите и плановите со пријателите, но не ги осудувајте доколку не се спремни да ги прифатат. Ќе ви остане малку време кое ќе го поминете дома. Искористете го за размена на чувства, а не за приговарање и расправии.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не ќе можете сами. Плеткањето на другите во вашиот живот е големо без оглед дали е низ решавање на финасиски прашања или проблеми (наследство, кредит, стипендија, осигурување) или низ поддршка во критичните деловни моменти. Затоа ќе платите и одредена цена со лична неизвесност и психички превирања.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Настаните ви излегуваат од контрола особено меѓучовечките односи стануваат извор на промени и возбудувања. Ќе морате да бидете внимателни во отворените пресметки и бучни реакции, но тоа за некои ќе биде еден начин за да можат да се справат со изненадувањата кои ќе им ги подготват другите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Зафатени сте премногу со работа, а за љубовта ќе имате се помалку време. Па како резултат на тоа ќе бидете доста нервозни и преоптеретни. Сопствените потреби моментално ќе ги оставите на страна и пред се ќе ги работите работите кои мораат да се извршат.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Неочекуваните промени во вашиот живот овој ден ќе ви го направат волшебен, особено за родените во Септември. Слободните неочекувано можат да се најдат во врска а предност ќе имаат личностите кои веќе добро ги познавате. Во сериозните врски обновената страст ќе ве натера на похрабри потези.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашата ситауција не се сосема стабилна. Ќе треба повеќе да се насочите кон финансиите, бидејќи на тој план ве очекуваат загуби. Сентименталните односи ви се средни но со добра прогноза. Драстичните решенија и промени во најблиската околина ќе остават белези.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Обидете се да не се мешате во разговорите со доста чуствителна тема. Мислењата ќе бидат различни така да би можело да се налутите и многу остро да делувате. Во друштво со новите пријатели ќе ви биде многу пријатно. Слободните претставници ги очекува романса со постара личност.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе се чувствувате многу подобро, па и работните изгледи ќе се подобрат. Финансиската ситуација ви е перспективна и ќе почнете да се опоравувате и во овој поглед. Ќе имате многу добри односи со претпоставените, но пошироката околина нама да биде многу доверлива.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денот ќе го поминете доста мирно, без многу возбудувања и посебни задоволства. Добро размислете пред започнувњето на некоја работа иако долгорочно ви изгледа дека состојбата е поволна. Не смеете да ги менувате плановите, а со неодлучноста може да имате и некои последици.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можни се темпераментни испади во односите со околината, но ако бидете трпеливи и упорни можете овие испади да ги доведете под контрола. Во работната сфера можни се затегнати ситуации. За ваше добро не треба да се впуштате во непотребни расправии со претпоставените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП