2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLiveWire првиот електричен Harley-Davidson (фото+видео)

LiveWire првиот електричен Harley-Davidson (фото+видео)

livewire

„Harley-Davidson“ претстави нов мотоцикл, каков што немале во својата досегашна историја. Од него нема да го слушнете познатиот звук на бензинскиот мотор, затоа што го нема, а нема ни резервоар за гориво, ауспух и сите пропратни делови. „LiveWire“ е концептен електричен мотоцикл со кој американската компанија сака да учествува во „обликувањето на следната генерација“ на возачи. Па поради тоа овој мотоцикл не е наменет за продажба.

livewire1

Како што соопштија од компанијата дометот на „LiveWire“ ќе биде околу 85 километри, а со 74 KS максималната брзина ќе му биде 148 km/h. Неговиот електромотор до „стотка“ ќе забрзува за 4 секунди.

livewire2

Новинари на „Wired“ го тестираа и велат дека нуди забавен спој на моќ и удобност. Главниот предизвик била промената во дизајнот кој се движел од моторот во дизајнот околу батеријата. Од „Wired“ наведуваат дека батеријата за мотоцикл со вакви карактеристики би требало да биде тешка околу 110 килограми, но инженерите успеале да ја намалат тежината.

„Harley“ ќе го испрати „LiveWire“ на турнеја во своите салони за да можат возачите на класични мотоцикли да го тестираат „нечујниот“ мотор и да го дадат своето мислење. Се претпоставува дека следната година тоа ќе можат да го сторат и возачите во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП