2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледната година пристигнува LaFerrari Spider

Следната година пристигнува LaFerrari Spider

la ferrariii0

„Ferrari“ во текот на наредната година ќе ја претстави верзијата „LaFerrari Spider“, која ќе му се придружи на „LaFerrari XX“, кој исто така се очекува за во 2015-та година.

Производството ќе биде ограничено на 50 единици, додека цената се очекува да биде двојно поголема во однос на купе верзијата.

Доколку се биде како што е планирано , овој „roadster“ во рамките на ограничената верзија би можел да чини околу два милиони евра, што значи дека ќе биде многу поскап во однос на моделот „Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse“.

Италијанскиот производител исто така има во план да претстави и подобрени верзии на моделите „FF“ и „F12 Berlinetta“ во текот на 2016-та, а се очекува двете возила да ги одликува променет дизајн, како и подобрен „V12“ мотор. Исто така постои можност за претставување и на основен „FF“ модел со „twin-turbo V8“ мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП