25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвите десет години на Daсiа Logan

Првите десет години на Daсiа Logan

logan-1

Mожеби една деценија постоење и не е значаен јубилеј за некој друг модел на автомобил, но „Logan“ кој има важна улога за модернизација на брендот „Daсia“, заслужува одбележување на својот десетти роденден.

Кога беше претставен во 2004-та, моделот „Logan“ означи старт на ново поглавје во историјата на романскиот автомобилски бренд. Со него почна нова ера за „Daсiа“ за време на која следеа низа современи модели кои допринесоа зголемување на производството и продажбата на автомобили на овој бренд и надвор од домашниот пазар.

Втората генерација на „Logan“ имаше премиера во септември 2012-та на саемот во Париз.

logan-2

Десетгодишнината меѓу останатото е одбележана со специјална, ограничена серија на втората генерација на „Logan“, која во однос на стандардниот модел има одредени подобрувања.

За разлика од редизајнираните фарови и задниот браник на „Logan“, стоп-светлата се затемнети, а надворешните ретровизори добија интегрирани покажувачи на правецот.

Ентериерот исто така изгледа полуксузно, со црна сјајна завршна обработка на централната конзола, автоматски клима уред, како и изборен екран за мултимедијалниот систем кој е чуствителен на допир и има навигација.

logan-3

Меѓу опциите се уште и кожен волан и темпомат.

Интересно е дека за прв пат електронските команди за отворање на предните прозори се најдоа таму каде што им е местото, во вратата на возачот.

Сепак, задржани се и копчињата на централната конзола, но со нивна помош сега се отвораат задните прозори.

logan-4

Иако во понудата ќе се најдат само 2.000 примероци, вака опремениот „Logan“, кој ќе се продава исклучиво на романскиот пазар, јубилејниот модел наговестува дека „Daсia“ би можела во иднина да го промени автомобилот при неговиот нов редизајн.

Примероците од ограничената серија ќе се продаваат по цена од 9.400 евра за моделот со 1.2-литарски бензинец со 75 ks, oдносно од 11.300 евра колку ќе чини верзијата опремена со 1.5-литарски „dCi“ дизел агрегат со 75 ks.

logan-5

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП