2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMahindra го сака Saab

Mahindra го сака Saab

saab mahindara

Повторното стартување на производството на „Saab“ автомобилите ги израдува љубителите на оваа специфична авто-марка. Сепак, радостта не траеше долго време, затоа што во мај новиот сопственик соопшти дека е принуден привремено да го стопира производството поради проблеми со финансиите.

Токму кога помисливме дека „Saab“ ќе се спаси од неизбежниот колапс, компанијата се најде во нови проблеми. Конзорциумот „National Electric Vehicle Sweden“ (NEVS) кој го купи шведскиот автомобилски бренд во 2013-та година остана без еден од двата финасиери, а само што заживеа фабриката во Тролхант, таа повторно замре.

„NEVS“ беше принуден да побара нов парнтер со чија помош уште еднаш ќе се обиде да го стартува производството на автомобили. Според пишувањата на индиските медиуми, eдна од компаниите со кои „NEVS“ преговара е „Mahindra & Mahindra“.

Исто така се наведува дека индискиот производител на возила со купувањето на „Saab“ сака да се вклучи во бизнисот со производство на премиум автомобили.

Ова не е прв пат „Mahindra“ да се обидува да стане сопственик на шведскиот автомобилски бренд. Индиската компанија имаше намера да го купи „Saab“ и кога овој производител банкротираше во 2012-та.

Покрај „Mahindrа“, за купување на дел од сопственоста на „Saab“ е заинтересирана уште една азиска авто-компанија чие име не е соопштено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП