25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNISSAN – официјален превозник на ЖРК Вардар и РК Вардар

NISSAN – официјален превозник на ЖРК Вардар и РК Вардар

nisan-vardar22

По успешната соработка во сезоната 2013/2014 помеѓу РК Вардар и NISSAN, Аутомотив Груп и Вардар се договорија да го продолжат договорот и за следната сезона како и да ја прошират својата соработка со третопласираниот тим на последниот Final Four во женски ракомет, ЖРК Вардар.

„Вардар е амбициозен проект којшто допрва ќе го освојува Европскиот ракомет во машка и женска конкуренција, затоа сметаме дека соработката со еден гигант во автомобилската индустрија како што е NISSAN одговара на стратегијата на нашиот клуб, кој секогаш има амбиции за подобри резултати и се стреми кон нови успеси”.– изјави директорот на РК Вардар, Давор Стојаноски.

nisan-vardar1

“Ракометот е број еден спорт во Македонија кој го пратат и поддржуваат најголемиот број македонски навивачи. Верните навивачи на Вардар и ракометните љубители секојдневно очекуваат информации за својот клуб и се што е поврзано со него, нивниот следен потег, нови засилувања,нови амбиции. Токму таа енергија ја има NISSAN на светскиот пазар. Тоа е бренд кој ги создава трендовите, бренд кој освојува, иновација која возбудува. NISSAN е Азискиот број еден во Европа и неговото место е помеѓу најуспешните.Со задоволство ја продолжуваме и прошируваме нашата соработката со амбициозни и успешни клубови како РК Вардар и ЖРК Вардар“. – изјави Симона Николовска, лице одговорно за односи со јавност на Аутомотив Груп.

Женскиот и машкиот ракометен клуб Вардар минатата година забележаа врвни успеси како во домашните и регионалните лиги, така и на меѓународна сцена. Аутомотив Груп се одлучи да влезе во Македонскиот клубски ракомет согласно стратегијата на NISSAN да поддржува спортови важни за пазарите каде освојува.

На Европско ниво, почнувајќи од сезоната 2014/2015, NISSAN e официјален превозник на најважното натпреварување – Лигата на шампионите на УЕФА во наредните четири години.

nisan-vardar2

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП