4 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.06.2014

Дневен хороскоп 19.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

И денеска ви се закануваат неприлики, но сепак ќе бидат помали. Ќе бидете помирни, па комуникациите со пошироката околина ќе бидат подобри. Личностите од авторитет треба да ги избегнувате, бидејќи не ви се наклонети и можат да предизивикаат стресови и фрустации.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе бидете многу ангажирани, но не треба да очекувате некои поважни настани туку мирно ќе продолжите со вашите проекти и во овој момент нема изразито наповолни аспекти, па воглавно ќе бидете успешни и задоволни. Настојувајте што подобро да го искористите овој ден и да ја зацврстите вашата позиција во работата.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ситуацијата ќе се одвива во ваша корист, а вие не треба да се оптеретувате со непотребни размислувања за минатото. Близнаците родени во Јуни особено се склолни кон комплицирање на односите како причина на необични средби и вести. Не планирајте ништо посериозно и оставете денот да си го донесе своето.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Релативно поволен ден, но ќе бидат присутни и елементи кои ќе ви претставуаат проблем и препрека и ќе ве прават нервозни и немирни. Ќе се зголемат и ограничувањата кои ќе ви прават сериозни кавги и расправии. Ви се закануваат долготрајни непријателства кои ќе ве оптеретуваат и ќе ви причинуваат тешкотии во работењето.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Нема да се случат поголеми промени во однос на претходните денови. Неповолните аспекти се се помалку, па затоа работите добро ќе ви напредуваат, иако финансисиите помалку ќе ве загрижуваат. Ќе имате многу добри односи со околината особено со соработиците и пријателите, па затоа ова е одличен ден за работи поврзани со комуникации.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе имате интензивен ден со многу настани, но вашиот ритам ќе биде доста смирен. Скоро сите планети излегуваат од вашиот знак, а останува само Сонцето, па затоа ќе треба повеќе внимание да обрнете на една работа или еден проблем. Не донесувајте одлуки брзо и со импровизација.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се повеќе планети ви се наклонети и ќе бидете се порасположени и подруштвени. Одлично ви се аспектирани подолготрајните работи, а вашиот статус во работата станува се постабилен, но сеуште не треба да се надевате на признанието кое го очекувате. Бидете трпеливи и задоволете се со тоа што вашата околина многу добро ве разбира.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се помалку стресови во однос на изминатите денови. Но и понатаму ви се закануваат непријатни изненадувања. И тоа најмногу од личности кои ви се претпоставени. Соработниците на работа ќе ви бидат се понаклонети, но не ќе можете да почуствувате дека тие би можеле повеќе да ви помогнат и да ви дадат поголема подршка.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ситуацијата ви се влошува и скоро сите ваши планети се непријателски расположени спрема вашиот знак, па ви носат се повеќе напнатост и тешкотии во меѓучовечките односи. Односите со претпоставените ви се влошуваат, па според тоа ве советуваме да бидете што можете повнимателни и да не влегувате во расправии.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Неизвесноста и застојот во работата ќе ви бидат зголемени. Но не треба многу да се грижите бидејќи наскоро ќе успеете да се насочите во вистинската насока. Во љубовните односи ќе морате да бидете конкретни и практични и да работите на сигурно зацврстувајќи го она што моментално го имате во вашите раце.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе се соочите со тешкотии и пречки. Бројот на неповолни аспекти се зголемува, па ве очекуваат доста проблеми со вашите соработници и колеги. Избегнувајте поголеми стресови и состаноци. Загрозени ќе ви бидат и некои работи кои зависат од комуникации. Ви се зголемува и опсаноста од расправии и непријателства.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Периодот кој следи не ви е многу поволен, но сега ќе имате се попотикнувачки моменти. Голем број на планети ви се наклонети, па затоа добро ќе се снаоѓате во најразлични друштва и средини. И понатаму ви препорачуваме големо внимание во односите со претпоставените, бидејќи тука се кријат најголемите опасности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП