29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley Continental GT3 R - од тркачка патека на улица (фото)

Bentley Continental GT3 R – од тркачка патека на улица (фото)

super bentli

„Bentley“ го модифицираше својот тркачки „Continental GT3 Racer“ така што овој автомобил сега ќе биде достапен и за возење по јавни патишта.

Иако е прилагоден за секојдневно возење, „Bentley Continental GT3-R“ исто како и тркачката верзија има само две седишта, па автомобилот е полесен од спортскиот „Continental GT V8 S“ зa 100 kg.

super bentli1

Зa погон е употребен докажаниот 4.0-литарски „twin-turbo V8“ мотор кој во моделот „GT3-R“ произведува 580 ks и 700 Nm максимален вртежен момент.

Намалувањето на масата во комбинација со подобрениот менувач допринесе овој „Continental“ да стане најдинамичниот сериски произведен „Bentley“ со оглед дека од 0 дo 100 km/h забрзува за само 3.8 секунди.

super bentli2

Максималната брзина на автомобилот изнесува 273 km/h.

Моторот е поврзан со „ZF“ автоматски осумбрзински менувач, а моќта се пренесува на сите четири тркала.

super bentli3

„Bentley Continental GT3 R“ ќе има презентација на манифестацијата „Goodwood Festival of Speed“ која се одржува во Велика Британија од 26-ти дo 29-ти јуни.

Предвидено е производство на ограничена серија од 300 примероци. Иако книгата за нарачки е веќе отворена, првите испораки се планираат за крајот на 2014-та година. Цената по која ќе се продава овој модел засега се уште не е соопштена.

super bentli4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП