24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes CLS и CLS Shooting Brake зa 2015-та (фото)

Mercedes CLS и CLS Shooting Brake зa 2015-та (фото)

cls mece

„Mercedes“ ги објави првите фотографии и технички детали за освежените модели „CLS“ и „CLS Shooting Brake“.

По неколку фотографии на новиот систем на „LED“ фарови, беше најавено редизајнираното „CLS“ семејство, па германскиот производител на Интернет ги представи подобрувањата на овие два модели.

cls mece1

Покрај делумната рестилизација на надворешноста, најзначајна новост се токму „интелегентните“ – „MULTIBEAM LED“ фарови кои се состојат од 24 независно контролирани „LED“ светлосни извори.

Користејќи ја камерата и четирите контролни единици, фаровите автоматски се подесуваат и до 100 пати во секунда.

cls mece2

Покрај променетите фарови и минималното редизајнирање на маската на ладилникот, највпечатливо на предниот дел на „Mercedes CLS“ е модерниот и агресивен браник, со масивни отвори за воздух.

Дневните светла се поместени од страничните отвори на предниот браник и сега се составен дел од „MULTIBEAM LED“ системот.

cls mece3

Во поглед на ентериерот, претставен е редизајниран триаголен волан со различни команди, додека наместо зголемениот екран на мултимедијалниот систем со скромни димензии, на врвот  на конзолата се наоѓа голем екран кој наликува на таблет уред.

Проширен е и изборот на мотори, па така во понудата за моделот „CLS 220 BlueTEC“ ќе се најде и четирицилиндарски 2.1 литарски турбо дизел со 170 ks (125 kW) и 400 Nm, додека моторот со иста зафатнина, но со 204 ks (150 kW) и 500 Nm максимален вртежен момент ќе ја има верзијата „CLS 250 BlueTEC“.

cls mece4

Најмоќниот дизел се наоѓа во моделот „CLS 350 BlueTEC“. Станува збор за 3.0 литарски „V6“ мотор кој произведува 258 ks (190 kW) и 620 Nm.

Како замена за „CLS 350 CGI“ во гамата ќе се најде и нов „CLS 400“ опремен со 3.5 литарски „bi-turbo V6“ бензинец. Овој мотор ќе испорачува 26 ks и 110 Nm повеќе во однос на претходната верзија, што значи дека возачот ќе има на располагање 333 ks (245 kW) и 480 Nm.

cls mece5

Следен според моќта меѓу бензинците е „CLS 500“ со 408 ks (300 kW) и максимален вртежен момент кој изнесува 600 Nm.

Моделите „AMG“ и натаму ќе добијат погон од 5.5-литарскиот „V8“ мотор кој стандардно произведува 557 ks и 720 Nm, а во моќната „S“ верзија развива 585 ks и 800 Nm.

Купувачите кои ќе се одлучат за моделите „CLS 220 BlueTEC“, „CLS 250 BlueTEC“, „CLS 350 BlueTEC“ или „CLS 500“, како опција можат да нарачаат и автоматски деветстепен „9G-TRONIC“ менувач.

cls mece6

„Mercedes“ соопшти дека сите мотори ги исполнуваат „Euro 6“ стандардите.

Се очекува „Mercedes CLS“ и „CLS Shooting Brake“ зa 2015-та да имаат премиера на авто-саемот во Париз во октомври, до кога би требало да бидат познати и нивните цени.

cls mece7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП