4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: ФИФА е на пат да заработи 2,4 милијарди долари

СП 2014: ФИФА е на пат да заработи 2,4 милијарди долари

fifa 000

Светското фудбалско првенство во Јужна Африка во 2010-та година генерираше 3,66 милијарди долари приходи за ФИФА, додека трошоците за него беа едвај 1,30 милијарди долари, според финансиските документи на организацијата.

Тоа значи дека ФИФА има заработено 2,36 милијарди долари од првенството или со 7.3% повеќе во споредба со 2006-та година и со 22,8% повеќе во споредба со 2002-ра година.

Ако овогодинешниот  Мундијал постигне слична стапка на раст на профитот, ФИФА ќе заработи приближно 2.61 милијарди долари од турнирот.

Од речиси 4-те милијарди долари во приходи во 2010-та година, вкупно 65.9% биле резултат на продажбата на телевизиските права (2,41 милијарди долари), а 29.3% се дојдени од продажба на маркетинг правата (1,07 милијарди долари). Останатите приходи се остварени од продажба на лиценцни права и друго.

Најголемите трошоци на ФИФА биле 348 милиони долари за наградниот фонд за земјите-учеснички и асоцијациите членки, следени од 326 милиони долари за организациониот комитет на Јужна Африка и 214 милиони долари трошоци за телевизиска продукција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП