4 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.06.2014

Дневен хороскоп 18.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Брзоплетоста е клучен збор за вашата момнетална ситуација. Промените и секојдневните предизвиции бараат голема количина на одлучност. Во љубовта внимавајте од љубомора и кавги кои би можеле сериозно да го оптеретат односот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денеска ќе се занимавате со решавање на финансиската ситуација и тоа преку некое наследство, осигурување спонзорства и сл. ако склопувате договори или се занимавате со некој семеен бизнис завртете ја користа кон вас. Моменталните случувања ќе ви ги обноват вашите внатрешни залихи на енергија и самодоверба.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Колку и да се обидувате да ја поправите ситуацијата, сепак работите ви тргнале наопаку, а тоа е така поради вашето тврдоглаво однесување и на овој начин нема да стигнете далеку. Побарајте помош од ваши блиски личности. Воздржете се од потпишување на важни договори и јавни настапи.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

На работното место ве очекуваат некои помали промени од кои нема да бидете многу воодушевени. Голем дел од денот се занимавате со работи во домот. Многу сте чуствителни и премногу субјективни во оценувањетео на вашата емотивна ситуација.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ден исполнет со незадоволство. Луѓето кои ќе ве опкружуваат ќе ве нервираат и навредуваат но најверојатно без лоши намери. Ќе бидете многу чуствителни и сите преговори упатени на ваша страна пресериозно ќе ги сваќате. Најпаметно во оваа ситуација е да ги избегнувате контактите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Претерано се грижите за вашата финансиска состојба. Размислувате за зголемување на вашата материјална сопственост. Во текот на денот ќе ви се укаже прилика за наоѓање на нов извор на финасии, но вам нема да ви бидат потполно јасни условите кои ви се нудат. Можеби е најдобро за тие прашања отворено да поразговарте со вашиот партнер.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе имате доста работа и обврски, а вие ќе уживате во се што ќе работите. Некои од вас ќе бидат преокупирани со средувањето на љубовните проблеми. Личноста со која сте во врска ќе направи се за да ве израдува. Треба да го цените тоа.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Застојот на акциите или очекувањето на нешто за вас посебно важно, ќе го намали интересот за приватност. Во љубовта очекувате од партнерот да ги подели вашите сонови и планови, а нагласеното дружење со пријателите ветува добар провод и забава.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Одлично се чувствувате за било каков почеток, во деловните или приватните сфери. Нов бран на оптимизам ви ги облагородува вашите мисли, кои денес навистина ќе бидат прецизно и практично насочени во сите ваши активности. Сентименталните односи ви се стабилни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Јарците со постојан работен однос се материјално мотивирани да истраат во сегашните работи, а планетите потикнуваат и нови работни аранжмани, поголеми купопродажби, вложување пари во поголеми работи. Вашата материјална состојба е несигурна и подлежна на влијанија од страна и не можете да правите подолгорочни договори.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Голем е притисокот за да можете да успете. Околината е помалку критички расположена спрема вас и спрема вашата работа и поставува прашања колку сте способни и вредни. Невработените ќе почуствуваат потреба за докажувње.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Полека но сигурно работите си доаѓаат на свое место. Контаките со странаство било низ патувања, примање посета или деловна соработка се позитивни. Ќе имате подршка од поширокиот круг на пријатели и соработници кои ќе ви помогнат со своите врски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП