2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи продолжува да купува од „Винсенте Калдерон“

Челзи продолжува да купува од „Винсенте Калдерон“

felipe luis

Филипе Луис е на пат да стане уште еден играч на Атлетико Мадрид, кој ќе премине во Челзи.

Менаџерот на „сините“ Жозе Мурињо изјави дека Тибо Куртуа се враќа на „Стемфорд Бриџ“, Диего Коста призна дека трансферот на „Стемфорд Бриџ“ е речиси готов, а Тиаго Мендеш веќе се раздели со „јорганџиите“ и останува само да го потпише својот договор со Челзи.

Денес медиумите на Островот тврдат дека од „Стемфорд Бриџ“ изразиле подготвеност да ја платат клаузулата за ослободување од обврските која е содржана во договорот на Филипе Луис со Атлетико. Се претпоставува дека висината на споменатата клаузула е 21 милион фунти.

Постои веројатност и барем еден играч на Челзи да замине во обратна насока кон „Висенте Калдерон“. Најмногу посакуван од шампионот на Шпанија е белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП