27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW Serieѕ 3 GT преслечен во спортски модел (фото)

BMW Serieѕ 3 GT преслечен во спортски модел (фото)

gt bmw

Немаат сите „BMW“ модели спортска „M“ верзија. Едноставно, некои од нив поради своите примарни намени и функции, таа не им е потребна. Сепак, благодарејќи на додатоците кои се достапни во рамките на пакетот „M Sport“, дури и „BMW Serieѕ 3 GT“ може од семеен автомобил визуелно да се претвори во вистински спортист.

„BMW Serieѕ 3 GT“ е модел кој според мислењето на многу љубители на германската луксузна марка не требало да биде направен.

gt bmw1

Сепак, овој автомобил го пронајде своето место на пазарот и има целна група на купувачи.

Во однос на лимузината „Serieѕ 3“ или „BMW Serieѕ 4 GranCoupe“, „GT“ има свои предности и адути кои ќе ги задоволи потребите на семејните, но и бизнис луѓе. На пример, овој автомобил има повеќе простор за нозете и главата на патниците на задните седишта, а со практичната петта врата има полсен пристап до багажникот.

gt bmw2

Покрај тоа, самиот багажен простор е поголем отколку кај споменатите модели, но и од караван верзијата на „Serieѕ 3“.

Од друга страна, оние кои сакаат да купат „BMW“ во таа класа, а го преферираат спортскиот изглед, пред се ќе се одлучат за „Seriеѕ 4 GranCoupe“.

Дека може и „GT“ да се „преслече“ во спортист, покажува верзијата опремена со „M Performance“, детали и додатоци која е фотографирана во продажниот салон на „BMW“ во Абу Даби.

gt bmw3

Изложениот модел е бензинец „BMW 328i GT“, a покрај естетските елементи како налепниците и амблемите во боја кои се симбол на спортското „М“ одделение, тука е и маската на ладилникот изработена во црно сјајна боја, т.е. спортски браник со странични спојлери под отворите за воздух.

Пакетот опфаќа и куќишта за ретровизорите од јаглеродни влакна, специфичен дифузор на долниот дел на браникот, 20 инчни алуминимуски бандажи со нископрофилни гуми, хормирани издувни цевки…

Покрај тоа убаво се вклопува и задниот подвижен спојлер, кој веќе се наоѓа во стандардната опрема на „BMW Serieѕ 3 GT“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП