29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо понудата Audi Q1 и спортска верзија RS Q1

Во понудата Audi Q1 и спортска верзија RS Q1

audi q1 11

„Audi“ уште на крајот на минатата година официјално потврди дека во текот на 2016-та своето семејство на „Q“модели ќе биде проширено со нов, најмал член – „Q1“.

Oвој најмал „Audi“ од „Q“ семејството се најавува како „атрактивен“ кросовер со 5 врати и чие производство во германски Инглоштад ќе започне во 2016-та година.

„Audi Q1“ ќе биде базиран на платформата „VW MQB“, а на истата ќе биде направен и идниот „Golf SUV“.

Претходно беше најавувано дека „Q1“ ќе биде долг околу 4 метри, широк 1750 mm и висок 1570 mm. Сепак, последните вести прецизираат дека должината ќе изнесува 415 cm, што е за 24 cm пократок од актуелниот „Audi Q3“.

Во понудата како опција најверојатно ќе биде и 4х4 погонот, но повеќето верзии ќе бидат понудени само со преден погон.

Што се однесува до моторот, „Q1“ меѓу останатото би требало да добие и топ верзија „RS Q1“ со 2.0-литарски „TFSI“ бензинец со 220 kW/300KS и 380 Nm. Интересна е и најавата на моделот„SQ1 TDI“ со „twin-turbo“ 2.0-литарски „TDI“ дизел кој би можел да располага со 170 kW/231KS и 500 Nm.

Палетата на мотори на останатите верзии би требало да опфати:

1.4-литарски TFSI со 103 kW/140KS и 250 Nm

1.8-литарски TFSI со 132 kW/180KS и 280 Nm

2.0-литарски TFSI со 169 kW/230KS и 370 Nm

2.0-литарски TDI со 110 kW/150KS и 320 Nm

2.0-литарски TDI со 135 kW/184KS и 380 Nm

Исто така се споменува и „plug-in hybrid Q1“, бројни опции за персонализација и системот на „Audi – MMI“.

Според информациите цената за„Audi Q1“во Германија би требало да изнесува 25.500 eвра.

„Q1“ инаку е еден од 11-те целосно нови модели на „Audi“ кои се планирани до 2020-та година, а кои би требало да му помогнат на „Audi“ годишното производство до таа година да достигне 2 милиони возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП