9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПовторно главоболки за GM се повлекуваат сите нови Camaro возила

Повторно главоболки за GM се повлекуваат сите нови Camaro возила

camaro problem

По скандалот предизвикан од серискиот дефект на контакт-бравите, поради кои загинаа најмалку 13 лица, а на вонреден сервис беа повикани повеќе од 2.6 милиони автомобили, „General Motors“ се одлучи за значително поактивен пристап на овој вид на проблеми. Најновиот отповик поради фабричка грешка се онесува на „Chevrolet Camaro“, a со цел ништо да не биде препуштено на случајот, „GM“ објави дека ќе бидат повлечени сите 511.528 примероци произведени од 2010-та до 2014-та година.

Причина за најновиот отповик не се наоѓа во контакт-бравите, но има врска со контакт-клучот. „GM“ утврди дека во текот на возењето може да се случи возачот несакајќи со коленото да ја допре пластичната дршка на клучот, па така да предизвика свртување на клучот во бравата и исклучување на моторот. Во американската компанија објаснуваат дека тоа најчесто се случува кога возачот седи преблиску до столбот за управување.

„General Motors“ оваа аномалија ја откри за време на редовниот преглед на возилата кои претходно во текот на годината беа повлечени на вонреден сервис, токму поради спорните контакт-брави. Во компанијата истакнуваат дека овој проблем нетреба да се поврзува со претходниот поради кој беа повлечени 2.6 милиони возила.

Сепак, од „GM“ истакнаа дека според нивните информации најновата фабричка грешка предизвикала три сообраќајни незгоди во кои учествувал моделот „Camaro“ и дека во несреќите полесно се повредени четири лица.

Производителот за време на најавениот сервис ќе ги замени старите контакт-клучеви со нови кај кој е променет дизајнот на дршката. Најголем број на повлечени возила се наоѓаат кај сопственици во САД (464.712), додека останатите се во сопственост на купувачи од Канада, Мексико и други пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП