4 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.06.2014

Дневен хороскоп 16.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Моменталната ситуација не ви е најповолна. Ви се заканува и напнатост. Неповолните аспекти од планетите ќе бидат многу нагласени, па во некои делови од вашиот живот ќе имате повеќе тешкотии затоа најдобро би било да не започнувате поголеми и важни работи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)    

Ве очекуваат нешто повеќе тешкотии во меѓучовечките односи кои стануваат се посложени. Избегнувајте контакти кои не се неопходни. Ќе бидете доста незадоволни, па ќе се почуствувате занемарено, неправедно отфрлени и сл. Без грижи тоа е само моментално и набрзо ќе исчезне.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можете да започнете со поголеми и важни работи, а ќе можете да развиете и некои нови проекти. Ќе се чуствувате се подобро, па и вашето расположение ќе придонесе за подобар успех. Ќе имате многу добри односи со претпоставените, па затоа сега е одличен ден за важни разговори и договори.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се повеќе настани ве очекуваат во денешниот ден. Ви се закануваат и стресови кои можат да бидат и доста непријатни за вас. Ве советуваме да избегнувате било какви важни одлуки, бидејќи психички ќе бидете многу напнати.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

На работното место задачите ќе ги извршувате онака како што се бара од вас. Некои ќе забележат успех и напредок. Комуникациите ќе ви бидат средни, но со позитивен предзнак. Што значи дека вашите контакти добро ќе се развиваат и дека ќе можете да склопувате доста добри договори.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете се позадоволни и помирни и пред вас се се поголеми шанси. Ќе имате многу добри аспекти за почеток на долготрајни работи и работи кои се поврзани со совладување на отпор односно борба. На тој план можете да очекувате и значајни успеси.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашиот јавен живот доминира над вашата приватност. Некои од вас ќе го запостават партнерот или од него ќе очекуваат да се прилагоди, особено оние родените во втората декада. Односот со родителите или децата ви е одличен и вашето задоволство се зголемува.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашата ситуација во моментот не е лесна, но не е и сосема неповолна. Ве очекуваат непријатности во комуникациите особено со претпоставените. Ќе се најдете во ситуација која ќе ве изненади, па нема да реагирате на најдобар начин. Не започнувајте нови работи особено ако се поврзани со пари или странство.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Енергијата ви е на високо ниво. Денеска најповеќе ќе се занимавате со совладување на отпорот и ублажување на различните удари. Бидете особено внимателни во пошироките комуникации, бидејќи соработниците не ви се особено наклонети.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ви се закануваат опасности во еден дел од вашиот живот кои нема да ги почувствувате во полна сила. Односите со претпоставените ви се добри и поголемиот број на работи ќе ви бидат успешни. Сепак се чини дека вашата позиција е доста нестабилна, па сите тие добра можат да исчезнат.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Неповолните аспекти можат да ви донесат незгодни недоразбирања особено со луѓето од кои зависите. Бидете внимателни во комуникациите со претпоставените, бидејќи на тој план може да има неочекувани недорзбирања кои лошо ќе делуваат врз вас.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Одличен ден за некои помали работи и контакти како работни така и приватни. Ќе имате доста добри односи со претпоставените, па вашите работи ќе напредуваат. Амбициозните проекти не ви се добро аспектирани но се очекува подобрување. Теба да бидете поупорни и потрпеливи ако сакате да напредувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП