21 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren работи на застрашувачки брза кола вредна 3.4 милиони долари

McLaren работи на застрашувачки брза кола вредна 3.4 милиони долари

mclaren p1 gtr

Иако чини 1,4 милиони долари, суперавтомобил „McLaren P1“ е ѕвер, а максималната брзина која може да ја постигне е од 350 км/ч.Сепак, ова не е ништо во споредба со најновиот проект на компанијата.

„McLaren Automotive“ објави оваа недела дека ќе создаде нова верзија на „P1“, која ќе чини 3,4 милиони долари и ќе го носи името „P1 GTR“. Бидејќи „GTR“ нема да мора да ги почитува правилата на патот од компанијата велат дека ќе се обидат на своите клиенти да им го овозможат најмоќниот автомобил.

Според „McLaren“ коњските сили при „P1 GTR“ ќе бидат зголемени за 70 во споредба со „P1“или 986. Аеродинамиката на автомобилот исто така ќе биде оптимизирана, па возилото ќе биде опремено и со тркачки гуми.

Конкретните карактеристики на автомобилот се уште не се познати, но „GTR“ би требало да се претстави доста подобро од „P1“, кој забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди. Покрај високите технолошки каратеристики,сопствениците на автомобилотќе добиваат и специјални часови за возење на истиот, вклучувајќи консултации со тимот на „McLaren“, пристап до тркачки симулатори на компанијата, како и можност да возат на шест патеки од Формула 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП