АВТОБИЗ

Веќе следната година ќе се појави Porsche Cayenne Coupe

porsche cayenne coupe

Имајќи го во предви успехот на „BMW“ со моделот „X6“ (првата генерација е продадена во повеќе од 250.000 примероци), а од неодамна беше претставена и втората генерација од ова возило (притоа не треба да се заборави дека и „Mercedes“  подготвува модел „ML Coupe“), па ни „Porsche“ несака да се откаже од делот од „SUV Coupe“ пазарот.

„Porsche“, според пишувањето на британските медиуми, можеби веќе во 2015-та година на купувачите ќе им понуди и „Cayenne Coupe“, како дел од редизајнираната гама „Cayennе II“.

Покрај променетиот заден дел и пониската линија на покривот, „Cayenne Coupe“ би требало да го одликува и модифицираната суспензија, пошироки тркала, пониско тежиште, но и помало место за патниците позади.

Палетата на мотори ќе биде превземена од стандардниот „Cayennе“, додека цената на „Cayennе Coupe“ ќе биде нешто поголема од обичниот модел.