19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше производството на моделот Kia Soul Ev

Стартуваше производството на моделот Kia Soul Ev

kia ev soul

На територијата на Јужна Кореја започна производството на моделот „Soul“ на електричен погон, а извозот на другите пазари ќе започне кон крајот на оваа година.

Потпретседателот на компанијата „Kia Motors“, Томас Ох, тврди дека „Soul EV“ е втората генерација на возила на електричен погон кој ги користи сите предности од големото искуство добиено врз основа на развојот на „Ray EV“, како и користењето на овој модел во Кореја во изминативе три години.

„Soul EV“ го одликува 27 kWh батерија која нуди можност за поминување до 212 километри, за забрзување до 100 km/h му е потребно нешто повеќе од 11 секунди, додека максималната брзина која може да ја постигне е 145 km/h.

Aвтомобилот се придвижува со електричен мотор кој произведува 110 ks (81 kW) и 285 Nm максимален вртежен момент.

Поради големиот интерес кој владее за овие автомобили во Европа, зголемен е планот за испорака на електричниот „Soul“ за европскиот пазар на скоро 1.000 возила.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП