2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines бележи значителен пораст во бројот на патници

Turkish Airlines бележи значителен пораст во бројот на патници

turkish_airlines222

Tурската авиокомпанија „Turkish Airlines“ забележа пораст во бројот на патници за 2.3 милиони во првите шест месеци од 2014-та година во однос на истиот период од лани.

Бројот на патници на оваа авиокомпанија достигна 21.4 милиони и за 18 отсто повеќе од 2013-та.

Во првите шест месеци од оваа година бројот на патници на домашните линии е зголемен за 22.7 проценти, како и за 14.8 отсто на меѓународните.

Турскиот авиопревозник беше единствената европска авиокомпанија која се најде меѓу десетте најдобри светски превозници.

Нарачка од „Airbus“.

Според оценките на „Skytrax World Airline Awards“, „Turkish Airlines“ e најдобрата европска авиокомпанија, а ја следат „Lufthansa“, „Swiss“, „British Airways“ и „Aegean A“.

Минатата година „Turkish Airlines“ потпиша договор со европскиот производител на патнички авиони „Airbus“ за купување на 117 нивни летала.

Според потпишаниот договор, „Airbus“ до 2020-та година на турската компанија ќе и испорача 25 авиони од моделот „A321“, четири летала од „A320 NEO“, 53 авиони од „A321 NEO“ и 35 авиони од типот „A321 NEO“.

„Turkish Airlines“ овие 117 нови авиони ќе започне да ги вклучува во својата флота од 2015-та, па до крајот на 2020-та година ќе имаат вкупно 375 летала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП