3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi Мotors повлекува 700.000 возила

Mitsubishi Мotors повлекува 700.000 возила

Mitsubishi-gdl1

Јапонскиот автомобилски концерн „Mitsubishi Мotors“ соопшти дека во целиот свет ќе отповика повеќе од 700.000 автомобили поради воочен недостаток.

Приближно 150.000 возила се продадени надвор од Јапонија, соопшти претставник на корпорацијата кој за ова го известил и јапонското министерство за сообраќај.

Отповикот се однесува на автомобили од 12 модели, особено „Сolt“ и „Еk wagon”, произведени од јули 2003-та до април 2008-ма година.

Причина за вонредниот технички преглед е неисправноста на електриката во фаровите и покажувачите на правецот.

„Mitsubishi“ досега доби од своите клиенти повеќе од 330 жалби за овој проблем. Во ниту еден случај за споменатиот недостаток, не доведе до сообраќајна незгода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП