4 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.06.2014

Дневен хороскоп 13.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Доста богат ден со настани, возвишувања, возбудувања. Односите со другите луѓе, како и со партнерот, симпатијата ги исполнуваат вашите емотивни залихи. На работното место ситуацијата е задоволителна, а комуникациите со претпоставените и соработниците одлични.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)               

Ќе имате доста енергија но малку ќе се движите и ќе сретнувате помалку луѓе. Иако пред вас е релативно добар ден би било добро да размислите и за поголеми сериозни работи, бидејќи имате одлични шанси да ги оставрите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе морате да го намалите вашиот емотивен набој кој го внесувате во решавањето на вашите работни проблеми, кои ве одалечуваат од работата и ве вплетуваат во комплицирани односи љубов – омраза со оние кои ве опкружуваат.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекуваат проблеми поврзани со работното место. Работните задачи извршувајте ги како да сте постојано под контрола и само така ќе ги избегнете конфликтите со претпоставените. Односите со околината се значително подобри.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете задоволни од самите себе, бидејќи на време ќе успеете да ги завршите сите обврски. Ќе имате доволно време да му се посветите на тоа што ве интересира и во целост ве исполнува. Секако дека ова се однесува на љубовта и за оние кои се во сериозни врски.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Доста сте чувствителни, а и субјективни во оценувањето на вашата емотивна ситуација. Лесно ќе пламнувате и многу ќе бидете повредливи, а најмногу ќе се исцрпувате во семејните односи и промените во најтесниот круг.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе почувствувате нагла стагнација на некои работи, одолговлекување на работни договори или откажување на некои средби. Не се грижете, на крај се ќе се заврши добро. Оставете некои работи треба да созреат. Во меѓувреме посветете се на оние работи кои ви одат од рака, дружете се, излегувајте и уживајте.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сите незадоволства на работното место ќе испливаат на површина. Бидете внимателни во односите со претпоставените, соработниците и клиентите. Нечие однесување многу ќе ве налути. Подгответе се за заострување на односите во врската, опаѓање на енергијата и љубовни проблеми.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можеби ќе бидте помалку дрски и слободни кон оние кои се обидуваат да ја загрозат вашата слобода. Отворено ќе се спротивставите на туѓите некоректни однесувања. Финансиската состојба сериозно ве загрижува, размислете за некое финансискао решение.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе бидете задоволни со развојот на деловната ситуација. Добрите резултати од разговорите со претпоставените ќе ви дадат нов полет. Совладајте ја нетрпеливоста и сметајте на мало позабавување. Внимавајте на односите со партнерот и членовите од семејството.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Се повеќе ќе бидете заинтересирани за соочување со сериозните работни проблеми. Ќе ве загрижуваат прашањата кои ви изгледаат нерешливи, па затоа можете да превземете некои чекори со кои ќе се реорганизирате или ќе се унапредите. Не се оптеретувајте премногу.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе чуствувате притисок од околината која во моментот критички гледа на вашата работа и поставува прашања за тоа колку сте вредни, способни и тн. И невработените ќе сакаат да се докажат на свој начин, особено поради кавгите со родителите, професорите. Склони сте кон кавги и бурни реакци, внимавајте!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП