23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRolls-Royce Cullinan SUV

Rolls-Royce Cullinan SUV

Rolls-Royce-Factory-Goodwood

Според последните вести, „Rolls-Royce SUV“ моделот е веќе во развој и тоа под кодното име „Cullinan“, најголемиот дијамант на светот.

Премиерата на ова возило може да се очекува во текот на 2018-та година, а како сите модели од оваа марка, ниту овој нема да биде евтин, затоа што се најавува цена од 275.000 евра.

Во компанијата планираат годишно да продаваат околу 2.000 примероци од овој модел, при што поголемиот дел ќе бидат наменети за пазарите во САД и Блискиот исток.

За самиот автомобил и нема многу детали, но би требало да користи компоненти од „BMW X7“ и „Serieѕ 7“. Исто така се најавува дека ова ќе биде првиот „SUV“ кој ќе може да се вози на песок и снег.

Купувачите би требало да имаат избор меѓу верзија со V12 мотор и „plug-in“ хибриден систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП