19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗГрупацијата PSA амбициозна на домашен план

Групацијата PSA амбициозна на домашен план

fabrika psa

Францускиот производител „PSA Peugeot Citroen“ има во план да вложи 300 милиони евра до 2020-та година во својот производен центар во Милуз, а причината за тоа е модернизација на процесот на производство.

Оваа инвестиција е во склад со договорот за зголемување на конкурентноста, кој раководството на компанијата го потпиша со синдикатите, пренесуваат француските медиуми.

Меѓу останатото, „PSA“ вети дека во секоја своја домашна фабрика до 2016-та година ќе произведува по барем едно ново возило.

Погонот во Милузвработува околу седум илјади луѓе и во него моментално се произведува моделот „Сitroen C4“и„DS4“ во две верзии, како и еден мал модел „4×4 Peugeot 2008“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП