1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера на новиот Nissan Navara (фото+видео)

Премиера на новиот Nissan Navara (фото+видео)

nissan navara

Kомпанијата „Nissan“ официјално ја претстави новата генерација на моделот „Navara“. Aвтомобилот изгледа многу хармонично и модерно, а неговиот дизајн го продолжува актуелниот тренд на овој производител, додека неговиот ентериер може да се пофали со значително поголем комфор.

nissan navara1

Новиот „Nissan Navara“ доаѓа со серија дизајнерски промени, но во склад со актуелните дизајнерски трендови. Предниот дел од автомобилот е целосно модернизиран, а во главните светлосни групи се интегрирани „LED“светла за дневно осветлување. Маската на ладилникот е изработена во карактеристична форма на буквата „V“ и целосно е хромирана.

nissan navara2

Каросеријата е јасно поделена меѓу патниците и теретниот дел. За полесно паркирање на долгиот автомобил задолжена е паркинг камерата и големите надворешни ретровизори. Модерниот ентериер е заштитен знак на новите „Nissan“ возила и овој концепт е продолжен и на моделот „Navara“. На средината на конзолата доминира голем екран чувствителен на допир и неколку команди околу него. Забележуваме дека воланот е ист како кај моделот „Qasqai“, додека инструмент таблата може да се пофали со оргинален изглед.

nissan navara3

За погонот на моделот „Nissan NP300“ се задолжени два мотори. Турбодизелите ги застапува 4-цилиндарски мотор со зафатина од 2.5 литри и максимална моќ од 120 kW (403 Nm) или 140 kW (450 Nm) при 3.600 o/min. За љубителите на бензинските мотори, тука е модернизираниот 4-цилиндарски мотор со иста зафатнина (неговата достапност на европскиот пазар се уште не е потврдена). Турбодизел моторот може да се пофали со намалување на потрошувачката од 11 проценти. Двата агрегати ќе бидат поврзани со шестстепен мануелен или седумстепен автоматски менувач.

Со цел да се зголеми можноста за маневрирање во градски услови, намален е пречникот на вртење на автомобилот, а за подобар комфор се грижи новоразвиената суспензија. Погонот на сите тркала ќе биде стандарден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП