20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Сименс“ и „Мицубиши“ водат преговори за купување на Алстом

„Сименс“ и „Мицубиши“ водат преговори за купување на Алстом

alstom-logo-getty

Компаниите „Сименс“ и „Мицубиши хеви индастрис„ водат заеднички преговори за купување на француската енергетска компанија „Алстом“.

Одлуката би требало да биде донесена на 16 јуни, се вели во заедничко соопштение на компаниите.

Според западни медиуми „Мицубиши“ би презел делови од француската компанија во областа на електроенергетиката, а „Сименс“ операции во областа на гасните турбини.

Американската фирма „Џенерал електрик“ претходно понуди за имотот на Алстом 17 милијарди долари.

Рокот за одлука е продолжен до 23 јуни на молба на француската Влада за да може Советот на директори на „Алстом“ да добие дополнително време за разгледување на понудата од американската компанија.

„Алстом“ е еден од светските лидери во производството на опрема за енергетика и железнички транспорт. Околу 30 отсто акции на „Алстом“ се во раце на францускиот градежен гигант „Буиг“. Енергетското одделение на „Алстом“ обезбедува 70 отсто од вкупните приходи на фирмата кои се 23,8 милијарди евра. Компанијата има филијали во повеќе од 100 држави во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП