3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота повлекува повеќе од два милиони возила

Тојота повлекува повеќе од два милиони возила

problem tojota

Jaпонскиот производител на автомобили „Тојота“ соопшти денеска дека ќе отповика 2,27 милиони возила ширум светот поради дефект со воздушните перничиња.

„Тојота“ повлекува 1,62 милиони автомобили, меѓу кои се моделите „Корола“ и „Јарис“ од странство и 650.000 од Јапонија.

Компанијата наведува дека е пријавен дефект на пумпата на воздушните перничиња, кои неможе целосно да се напумпаат во случај на незгода.

„Тојота“ кон крајот на мај најави повлекување на 516.000 возила, од кои 430.500 во САД, а причината за тоа беа три различни безбедносни проблеми, вклучувајќи ги и сопирачките кои се активираа сами без предупредување.

Јапонскиот произоводител имаше голем отповик на автомобили кон крајот на 2009-та и почетокот на 2010-та во кој беа погодени повеќе од 14 милиони возила ширум светот, а проблеми со педалите за гас и сопирачките беа главната причина за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП