27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M во мај ја зголеми продажбата за 19 проценти

H&M во мај ја зголеми продажбата за 19 проценти

hm0110

Шведскиот моден гигант „H&M“ во мај забележа раст на продажбата од 19 проценти на годишно ниво, што е значително над очекувањата на аналитичарите кои во просек предвидуваа раст од 11,5 проценти.

Приходите од продажбата во вториот квартал од фискалната година достигнаа износ од 37,8 милијарди шведски круни (4,17 милијарди евра), додека во истиот период една година претходно тие изнесуваа 31,6 милијарди круни. Прогнозата на финансиските експерти изнесуваше 36,9 милијарди круни, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека „ефектот на календарот“ во мај бил позитивен, зголемувајќи го резултатот на продажбата за три до четири процентни поени, но дека истиот ефект би можел во јуни да се промени, во иста пропорција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП