24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа Elan заинтересирани Австријци и Норвежани

За Elan заинтересирани Австријци и Норвежани

elan 239

Продажбата на словенечкиот производител на спортска опрема „Elan“ од Бегуње се искомплицира, затоа што избраниот инвеститор се уште го нема потпишано купопродажниот договор, па сега се преговара и со другите заинтересирани кои ги предадоа обврзувачките понуди.

Договорот со американскиот финансиски фонд „WAB International“, чија понуда сопствениците ја оценија како најдобра, веќе беше избалансиран, но до потпис се уште не дојде.

Поради тоа, сега се преговара и со австриско-швајцарската компанија „Cameva“, која исто така конкурираше, како и со норвешкиот финансиски фонд „Holta“, кој во своето портфолио веќе има низа на познати спортски брендови.

Првиот обид за продажба на „Elan“ на еден купувач од Финска пропадна, откако беше утврдено дека се работи за измамнник, кој немал средства да ја реализира својата понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП