4 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.06.2014

Дневен хороскоп 11.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекуваат некои непријатностите кои можат да бидат поврзани со судски спорови. Не е погоден ден за започнување на некои поголеми работи, бидејќи ќе делувате под влијание на негативните емоции. Финасиската ситуација ќе ви задава грижи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

На работното место без некои позначајни промени, секојдневните обврски ќе ги извршувате вообичаено. Вашата финансиска ситуација ви задава проблеми, но на тој план можете да очекувате подобрување. Накратко вашата ситуација е подобра од тоа што ви изгледа вас.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Без некои поголеми промени во однос на изминатиот ден. Ве советуваме да не сметате на пријателства и да не верувате премногу секому, бидејќи можат да ве предадат и оние во чија лојалност сте биле сигурни. Најдобро би било да одложите некои важни работи.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Новите работни можности поврзани со образование, медиуми или промена на средината ви поставуваат прашања кои се однесуваат на иднината на вашиот приватен живот. Ако сакате да ги следите вашите цели потребни ви се одредени прилагодувања.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете доста напнати а во извршувањето на работните задачи ќе се среќавате со некои тешкотии. Затоа ви препорачуваме сега за сега да се занимавате само со работи кои се убави, а кризните ситуации да се обидете да ги разрешите на мирен начин. Избегнувајте го секој облик на агресија.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денот пред вас нема да ви ви донесе некои позначајни новини во вашиот живот. Ќе морате главно сами вашето слободно време да го направите што поинтересно. Имате можности да ги искориститре вашите фантазии и креативност. Одлично го чувате мирот во рамникте на љубовната врска.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете раздразливи и склони кон кавги со околината. Не ви препорачуваме да донесувате некои важни одлуки денеска, како ни да започнувате поголеми работи. Пред се настојувајте да постигнете психичка рамнотежа. Немојте да мислите дека треба да бидете информирани за се и дека треба да бидете на пет места истовремено.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Надворешните услови не ви се наклонети. Ќе имате тежок однос со авторитети или со некоја повозрасна личност од вашиот ранг. Ќе ги почуствувате последиците од вашето однесување и за некои работи ќе морате дупло да се потрудите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Бидете внимателни во односите со околината и проверувајте ја секоја информација. Избегнувајте нагли одлуки. Размислете за секој чекор. А можеби би било најдобро важните одлуки да ги одложите за друг ден. И на интимен план исто така ви се закануваат опасности од напнатости и недоразбирања во семејството.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе бидете целосно посветени на работата па така несетно ќе ви мине работното време. Се чуствувате помалку исцрпени и нерасположени. Немојте да ја занемарувате забавата како и се она што може да ве опушти. Настојувате да не мислите само на обврските и грижите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денеска некои работи ќе добијат погрешен тек на одвивање, но нека не ве загрижува тоа бидејќи тоа е само моментална ситуација. Не си дозволувајте импровизации и не се базирајте на вашиот шарм. Морате да верувате во себе си и да работите поодговорно.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете напнати, а работните задачи нема целосно до крај да ги извршувате. Избегнувајте кавги и внимавајте од непријателства, бидејќи тие барем во овој момент се многу опасни за вас. Денот е поволен за краткотрајни работи. И покрај поволните елементи вашата ситуација е доста нестабилна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП