1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРекордна премија го чека новиот светски шампион

Рекордна премија го чека новиот светски шампион

premii sp

Новиот светски шампион во фудбал ќе добие рекордна премија од ФИФА. Освојувачот трофeјот од СП 2014 во Бразил на 13-ти јули ќе заработи 35 милиони долари (25,8 милиони евра). Поразениот во финалето ќе треба да се утеши со бонус од 25 милиони долари (18,5 милиони евра). ФИФА ќе одвои рекордни 576 милиони долари (425,3 милиони евра) помеѓу учесниците. Сумата е за 37 проценти поголема во споредба со Мундијалот 2010-та во Јужна Африка, кога федерацијата даде 420 милиони долари. Последниот светски шампион Шпанија зеде 30 милиони долари за титулата пред четири години.

Секој тим кој се квалификуваше за Светското првенство во Бразил, си обезбеди премија од 8 милиони долари. Пласманот во осминафиналето ќе му донесе на секој тим околу 9 милиони долари. Бонусот за пласман во четвртфиналето, пак, е околу 14 милиони долари. Поразените полуфиналисти ќе си обезбедат по 20 милиони долари, а освојувачот на третото место ќе заработи дополнителни 2 милиони долари.

ФИФА исто така ќе одвои компензација од околу 70 милиони долари за клупските тимови, чии фудбалери учествуваат на СП 2014.

Вкупните приходи на светската фудбалска федерација за шампионатот се проценуваат на околу 4,5 милијарди долари. По даноците, профитот на ФИФА ќе биде околу 2,2 милијарди. Од нив 1,624 милијарди долари ќе бидат распределени по различни програми на федерацијата. 200 милиони долари ќе се поделат меѓу фудбалските федерации, а 100 милиони долари ќе бидат вратени на домаќинот Бразил.

Јужноамериканската земја веќе потроши околу 11 милијарди долари за обезбедување на потребната инфраструктура за организирање на Светското првенство.

Премии од ФИФА за СП 2014:

Шампион – 35 милиони долари

Финалист – 25 милиони долари

Трето место – 22 милиони долари

Четврто место – 20 милиони долари

Четвртфинале – 14 милиони долари

Осминафинале – 9 милиони долари

Групна фаза – 8 милиони долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП