Банките доверители на словенечкиот ланец „Merkur“ во последен момент на суд ја дадоа својата согласност за конверзија на дел од побарувањата во акционерскиот капитал, па така ја спасија компанијата од сигурен стечај.
Со планот за санација и реструктуирање „Merkur“ сега ќе се подели на две компании, здравиот дел ќе продолжи да работи и ќе задржи дел од вработените и од делот кој ќе отиде во стечај.
Се смета дека на ниво на целата групација ќе бидат зачувани 2.000 работни места од сегашните 3.500.
Банките се согласија во сопственичките удели да конвертираат побарувања од 46.5 милиони евра.
Матичниот словенечки дел на „Merkur“ има уште 250 милиони евра кредит, а целата групација околу 450 милиони евра.
Постапката за повторна присилна наплата и реструктуирање на „Merkur“, т.е. санација на компанијата би требало да бидат извршени во август.
Приходите на компанијата во првите три месеци од оваа година биле зголемени за 6 проценти, а во мај „Merkur“ реализираше половина милион евра добивка, што е еден од најдобрите резултати во последните неколку години.
Една од најсилните и најбрзо растечките словенечки компании дојде до проблеми поради глобалната економска криза која ги погоди нејзините најзначајни купувачи, градежната индустрија, а проблемите дојдоа и поради постапката за приватизација во која учествуваше менаџментот.
Поради неправилноста во приватизацијата на компанијата, обидот за нејзино „тајкунско“ превземање и финансиска исцрпеност, казна од пет години затвор заработи некогашниот дирекор Бине Кордеж, а осудени се и повеќе други некогашни менаџери на компанијата.