26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот BMW Ѕeriеѕ 1 доаѓа во 2018-та и ќе има преден погон

Новиот BMW Ѕeriеѕ 1 доаѓа во 2018-та и ќе има преден погон

star kec bmw

„BMW“ најави целосно нова генерација на својата „Ѕerieѕ 1“, која ќе пристигне во текот на 2018-та година, но вистинско прашање е како хардкор фановите на германската марка ќе ја дочекаат веста дека автомобилот ќе биде уште еден од новите генерации на возила со преден погон.

Исто како и големите ривали „Audi A3“ и „Mercedes A сlasѕ“ (кои исто така за 2018-та ги најавија своите замени) и „Ѕeriеѕ 1“ ќе има погон на предните тркала со моќна верзија на „xDrive“ за погон на сите четири тркала.

И додека љубителите на „BMW“ вртат со главите во неверување, официјалните лица од компанијата се убедени дека поголемиот број на купувачи нема ни да забележат дека станува збор за погон на предните тркала. Во своја одбрана тие потсетија на истражување од 2010-та, кога дури 80 проценти од возачите на „Ѕerieѕ 1“ сметаа дека нивниот автомобил има преден погон.

Без оглед на тоа каде нејзината моќ ќе биде испратена, „Ѕeriеѕ 1“ ќе изгледа опасно и спортски со тенките „LED“ фарови и острата решетка.

Нормално, „Ѕeriеѕ 1“ нема да биде првиот „BMW“ модел со преден погон. Таа неблагодарна титула од неодамна ја понесе „Ѕeriеѕ 2 Асtivе Тоurer“, a следниот во низа ќе биде новиот „Х1“ кој пристигнува во 2015-та. Сите три револуционерни „BMW“ автомобили ќе се засноваат на новата „UKL1“ платформа, која веќе се наоѓа на неколку модели на „MINI“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП