5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Црвената фурија“ е најскапата репрезентација на СП (видео)

„Црвената фурија“ е најскапата репрезентација на СП (видео)

spanija2220

Светскиот шампион Шпанија е најскапата селекција на Мундијалот. Тоа го покажа истражувањето на авторитетното списание „Time“. Сите 23 фудбалери на Висенте дел Боске чинат околу 670 милиони евра. Тоа е 9,5 проценти од вкупната вредност на сите 32 тима.

На второ место е поставен германскиот национален тим – 604 милиони евра. На третата позиција е домаќинот Бразил (502 милиони).

tabela reprezentacija

Селекцијата на Франција е проценета на 443 милиони, а Аргентина – на 421 милиони. Најмалку чинат играчите на Австралија и Хондурас – по 22 милиони.

На индивидуално ниво Лионел Меси е најскапиот – близу 130 милиони евра. На втората позиција е добитникот на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, чија вредност е приближно 108 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП