17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota на водород пристигнува во декември

Toyota на водород пристигнува во декември

Toyota20Cell201

Автомобилот на „Toyota“ со погон на водородни горливи ќелии ќе се појави во салоните побрзо од што се очекуваше, јавуваат јапонските медими.

Производството на возилата на „Toyotа“ кои користат водорот ќе започне во средината на декември, а причината за ова забрзување на проектот не е спомената. Потсетуваме, претходно пристигнуваа најави дека новата генерација на автомобили ќе излезе од производните погони дури во 2015-та година.

Компанијата најверојатно размислува за производство за повеќе од десетина автомобили месечно, а цената би можела да биде околу 57.000 eвра. Toа е во склад со бројките кои ги објавија во минатата година, кога се шпекулираше за цена помеѓу 35.000 и 70.000 eвра.

Цената не е мала, особено со оглед на тоа колку производот е „свеж“, но како што тврдат од „Toyota“ водородните ќелии се идината на автомобилската индустрија, па поради тоа може да се очекуваат и некои корекции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП