4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠKODA Yeti Adventure ја следи авантурата на ,,Мавровскиот велосипедски маратон,,

ŠKODA Yeti Adventure ја следи авантурата на ,,Мавровскиот велосипедски маратон,,

skoda-naslovna1

Велосипедскиот Клуб Енерџи – Скопје, националниот Парк Маврово и Општина Маврово – Ростуше, а подржано од автомобилскиот бренд ŠKODA, ве повикуваат и оваа година да бидете дел од традиционалниот ,,Мавровски велосипедски маратон“ кој годинава ќе се одржи на 15 јуни, недела.

Како и секоја година до сега предвидени се маратонска и полумаратонска трка, како и рекреативно возење околу Мавровското езеро. Во прекрасниот амбиент на реканскиот крај, придружени од енергетски ефикасниот ŠKODA YETI, зависниците од вистинскиот адреналин и авантура ќе возат на релација Маврово-Леуново-Сандакташ-Чавкарник-Лазарополе-Тресонче-Селце-Маврово, во вкупна должина од 90 км за маратонците и 42 километри за полумаратонците. Стартните броеви ќе се доделуваат на 15.06.2014 од 07:30 до 08:30 часот, а натпреварувањето ќе биде спроведено согласно правилникот на Велосипедската Федерација на Македонија.

Истовремено, истиот ден за сите љубители на велосипедизмот и природните убавини на нашата земја ќе се одржи и рекреативното возење околу Мавровското Езеро со почеток од 11 часот.

Веќе четврта година по ред Škoda е пријател и поддржувач на овој маратон токму поради авантуристичката и возбудлива природа на нивните возила која соодветствува со карактеристиките кон оваа спортска дисциплина.

„Спојот на убавините и предизвиците на мавровскиот крај и моќноста и безбедноста на  новите Škoda модели е силен мотив дека и оваа година треба да застанеме како поддршка за време на маратонот. Минатата година имавме преубаво искуство, а оваа година возбудата е уште поголема имајќи предвид дека им сеприклучуваме со автомобилкомплетно наменет за ваков тип на авантури“, изјави Миле Станчев бренд менаџер на Škoda.

skoda-mavrovo1

Škoda Yeti Adventure, кое може да се пофали со моќниот 2.0 TDI мотор со 110 КС, кој овозможува секое патување да биде возбудлива и незаборавна авантура. Покрај моќноста, максималната безбедност со 6 воздушни перничиња и економичноста, новата Yeti Adventure вклучува и 17 инчни алуминиумски тркала, автоматски двозонски клима уред Climatronic, мултифункционален кожен управувач, радио со екран во боја и чувствителен на допир, електрика на сите стакла и многу повеќе…

ŠKODA е поддржувач на велосипедизмот и интернационално, како дел од новата “GreenFuture” стратегија, која има за цел производство на енергетски ефикасни возила и уште поефикасна употреба на ресурсите во рамките на компанијата, што индиректно придонесува и кон зачувување на животната средина. Целокупното производство на Škoda до 2018 година ќе се преструктуира, што ќе доведе до 25% помала потрошувачка на енергија и вода, помала емисија на јаглерод диоксид, како и производство на автомобилски делови кои во целост ќе може да се рециклираат.

На овогодинешното издание на Маврвовскиот велосипедски маратон ŠKODA обезбедува бесплатен превоз за 5 учесницисо нивните велосипеди на рекреативното возење околу Мавровското езеро. Информации за тоа како можете да освоите бесплатен превоз до Маврово на 15 јуни дознајте на Фејсбук фан страната на ŠKODA fb.com/skodamacedonia

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП