4 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.06.2014

Дневен хороскоп 10.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Одличен ден и работите се подобро ви напредуваат. Комуникациите ќе ви бидат се поуспешни и ќе бидете опкружени со многу луѓе. Добро ви се аспектирани и односите со претпоставените, па затоа денот е поволен за реализирање на некои поважни разговори за кои сте чекале погоден момент.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе бидете оптимистички расположени и позитивно ќе делувате врз околината. Насочете се кон комуникациите, бидејќи на тој план ќе имате најповеќе успех. Многу ќе ви користи некакво движење, состаноци и кратки патувања. Паричните тешкотии нема да ве загрижуваат и можете да очекувате подобрување на тој план.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ситуацијата ви се подобрува. Ќе имате се повеќе енергија, па ќе постигнувате подобра концентрација и успех во потешките работи. Вашата позиција е стабилна иако не постојано и пријатна. Комуникациите ви се нешто подобри, но сеуште се можни повремени недоразбирања како со претпоставените така и со соработниците.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ситуацијата ви се подобрува, но не се исклучени и стресовите.Најверојатно, напнатостите ќе се ограничат само на едно поле од вашиот живот. Има доста планети кои ве поддржуваат меѓутоа ви се закануваат опасности да започнете нешто што би можело да ви создава стресови. Финансиската ситуација ви е се подобрува.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Неповолните односи најмногу ќе ви се одразат во меѓучовечките односи. Ве очекуваат се повеќе недоразбирања како со претпоставените така и со колегите на работа. Настојувајте повеќе да се занимавате со работи кои не зависат од другите луѓе, бидејќи морате да бидете подготвени и на некоректни одговори од околината.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекуваат некои неприлики и напнатости, па затоа ќе морате да бидете повнимателни, особено во меѓучовечките односи. Ви се закануваат непријатни изненадувања. Околината нема да ви биде наклонета, а ви се закануваат условно речено некои нешта кои ќе ви бидат направени зад грб. Помошта од страна не ви е потребна најдобро можете да си помогнете самите на себе.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете доста мирни. Ве очекуваат некои настани кои релативно добро ќе се одвиваат. Работите поврзани со пари ќе ви создаваат неприлики, но и на овој план во долгорочна смисла ќе дојде до значајно подобрување. Комуникациите ви се одлични, имате желба за саработки од кои повеќето ќе бидат успешни.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе почуствувате голема промена. Нешто како будење од зимски сон. Ќе живнете на емотивен и професионален план, а добрите вибрации ќе допрат и до вашите блиски. Ако имате партнер можете да го искористите овој момент за обновување на чувствата.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете многу активни, но тоа нема нема многу да ви годи. Вашата потреба за акција може да ви донесе и здравствени пречки. Ќе бидете чувствителни и многу од вас ќе бидат склони да работаат нешто што може да има негативни последици. Бидете внимателни во односите со претпоставените и обидете се да ја објасните вашата моментална ситуација.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Напнатоста постапно ќе ви се зголемува. Неповолните аспекти на планетите ќе ви донесат тешкотии во некои работи. Ве очекуваат и непријателства кои можат сериозно да ја загрозат вашата позиција. Избегнувајте кавги бидејќи секоја конфротација може негативно да делува врз вас.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашата ситуација е делумно добра, бидејќи примате добри аспекти од планетите, па сите работи поврзани со комуникации одлично ќе ви напредуваат. Ќе имате прилика да направите и некои финансиски договори. Ќе се чуствувате среќно работејќи ги работните задачи кои ви претставуваат задоволство.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Неповолен ден што најмногу ќе се одрази врз односите со околината. Морате да бидете внимателни на работното место, бидејќи ви се закануваат недоразбирања и со колегите и со претпоставените. Нема да бидете изразено раздразливи и склони кон кавги, но сепак треба да внимавате на вашето однесување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП