11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаскоро ќе се појави серискиот модел на Ford Ka

Наскоро ќе се појави серискиот модел на Ford Ka

ford ka

Кон крајот на минатата година во Бразил, „Ford“ го претстави новиот „Ka“, но во форма на концептно возило. Сепак, тој практично е индентичен со идниот сериски модел (на сликите), кој се очекува да се појави во продажба подоцна во текот на оваа година.

Продажбата на новиот „Ka“ прво ќе започне во Бразил, потоа и на други пазари во развој, а според претходните најави ќе биде достапен и во Европа.

Како и да е, новиот „Ka“ е помал хечбек со 5 врати, помал од актуелната „Ford Fiestа“ и со карактеристична маска во стилот на „Aston Martin“.

Бразилските медими истакнуваат дека новиот „Ka“ на нивниот пазар ќе биде достапен со 1.0-литарски трицилиндарски мотор со 80KS (бензин), односно со 85KS (етанол), како и со два пакети на опрема (SE и SEL).

ford ka 555

Во соопштението од „Ford“ меѓу останатото се наведува дека новиот „Ka“ ја открива визијата на „Ford“ за практичен избор за градско возње, како и дека го прикажува паметниот дизајн и исклучителната ефикасност во потрошувачката на гориво.

Тоа е што се однесува до „Ka“ хечбек, но „Ford“ планира и негова нова верзија. Така во почетокот на оваа година во Бразил ќе биде промовиран и седан концептот „Ford Ka“.

„Ford“ инаку продаде повеќе од 1.8 милиони примероци на „Ford Ka“, откако овој модел за прв пат беше претставен во 1996-та година, а „Ford“ прогнозира дека сегментот на мали автомобили ширум светот до 2017-та година ќе се зголеми за 35 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП