13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на овие пет компании можеа да ве направат милионери

Акциите на овие пет компании можеа да ве направат милионери

pari kompanii!!!

Инвеститорите на американските пазари се запознаени претежно со индексите на „Dow Jones“, „S & P500“ и „Nasdaq“. Малку познато е дека, сепак, „S & P1500“ покрива 90% од пазарната капитализација на компании преку Океанот.

Анализата на „USA Today“ покажува дека 5 од 1500-те компании од овој индекс можеа да ве направат милионери и тоа само со инвестиција од 25.000 долари.

Рекордер тука е „Select Comfort“, производител на кревети и душеци, чиј вредност поскапе за импресивни 7388% од дното на пазарот, евидентиран на 9-ти март 2009-та година. Доколку купевте 100.000 акции од компанијата за 25.000 долари (по 0,25 долари за акција) на истиот датум, денес вашата инвестицијата би изнесувала 1.9 милиони долари.

Купување на 100.000 акции по цена за 0.38 долари од „General Growth Properties“, денес се еквивалентни на 1.5 милиони долари, откако акциите веќе се тргуваат по цена од 23.83 долари.

Покрај намалувањето од близу 35% за 2014-та година, акциите на „CalAmp“, произведува опрема за мобилни оператори, пораснаа за 4586% од 2009-та година.

Другите две компании кои можеа да ве направат милионери се „KapStone Paper“ и „Virtus Inv. Pаtners“, забележаа раст од 4196 и 4031% за овој период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП