4 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.06.2014

Дневен хороскоп 09.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Работните задачи ќе ги извршите без поголеми пречки и навремено, но не очекувајте голем успех. Ве очекува еден просечен ден можеби и малку досаден и монотон. Доколку денот ви е планиран за љубов состојбата е значително поинаква.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Бидете конкретни ако барате да ве подржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротивното од она што вие сте го замислите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе бидете повеќе расположени за дружење и разонода отколку за работа, а во прилог ќе ви оди и поволната финансиска ситуација. Голема поддршка ќе имате од некоја угледна личност. Обидете се да превеземете нешто во врска со љубовта.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе ве зафати мрзеливост, а од вас ќе се бара повеќе активност и работа, бидејќи промените со кои ќе се соочите се доста сериозни. Нејасните односи со соработиците ќе морате најбрзо што можете да ги средите, бидејќи морате заедно да работите. Родените во третата декада ќе имаат можност за нова работа.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете импулсивни и нагло ќе настапувате. Избегнувајте конфротации со личности што нешто ви значат. Обидете се да бидете посмирени и подобро да размислувате пред да направите нешто за што подоцна ќе се каете. Постои можност од парична загуба затоа ќе морате да бидете внимателни.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Постои опасност, премногу ќе се опуштите, па поради таквата состојба да пропуштите многу поволни прилики. На емотивен план оние во брак ќе имаат доста хармоничен ден, а на слободните ќе им се насмевне среќата.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако некои работи подолго време сте го чувале само за себе, денес е време да ги откриете пред другите. Имате голема шанса овој работен ден да ви биде многу успешен. Во љубовта ова е ден кога ќе се повлечете во себе и ќе се чуствувате осамени и напуштени.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вие ќе бидете на потег, но ќе настапите доста импулсивно и без размислување, па затоа е можно да направите и некои грешки. Не се залетувајте пред непознати луѓе. Некоја помош што сте ја очекувале од странство можеби ќе пристигне па така ќе можете да ги реализирате замислените планови.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не располагате со енергијата која ви е потребна за совладување на работните задачи. Можеби некој од вашето семејство врши голем притисок врз вас и ви ја одзема енергијата која треба да ја насочите на работно поле. Оставете ги неважните работи и целосно насочете се кон тоа што се случува на деловен план.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не склопувајте нови пријателства и не доверувајте се на секому. Ако имате потреба некому да се искажете, одберете ја личноста во која имате доверба. Во спротивно може да дојде до компликации. Пред се бидете сериозни и свесни во обавувањето на должностите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

На работнто место ќе покажете дека сте дисциплинирани, а вашите постигнати резултати ќе зборуваат место вас. Ќе успеете да се ослободите од сите препреки кои ве вознемируваат во односот со вашиот партнер.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Внимавајте на плановите кои некако набрзина ги извршувате, би можеле да се појават проблеми. Отворете ги очите и забележете дали во вашата средина има некој кој крие некои нешта од вас. Некоја Вага ќе се надева на ваша помош, но вие нема да бидете способни за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП