19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПотврден тркачки McLaren P1, но нема да може секој да го купи!

Потврден тркачки McLaren P1, но нема да може секој да го купи!

trkacki p1

„McLaren“ потврди дека во 2015-та година на купувачите ќе им понуди тркачка верзија на својот топ модел „P1“ и ги откри условите под кои овој автомобил ќе може да се купи на пазарот.

Покрај тоа што е потребно да се располага со доволна количина на пари (стандардниот модел има почетна цена од милион евра), идниот купувач на тркачкиот „McLaren P1“ ќе мора во својата гража веќе да ја има регуларната верзија на овој автомобил. Тоа значи дека бројот на евентуални сопственици на тркачката верзија во старт ќе биде стеснет на 375 потенцијални купувачи.

Со оглед на тоа дека „McLaren“ најави дека тркачката верзија ќе биде досега најреткиот модел на британскиот производител, па до овој автомобил ќе може да дојдат значително помал број на сопственици на стадардниот „Р1“.

Од „McLaren“ не соопштија повеќе детали за тркачкиот модел, но се очекува дека автомобилот ќе има подобри аеродинмички карактеристики и специјална суспензија за возење на тркачка патека, додека моторот би требало да биде незначително зголемен.

Британскиот производител најави дека и идниот основен модел, „P13“, ќе биде достапен во неколку верзии, што значи дека покрај купе во план е и верзија со отворен покрив, а се шпекулира и за можна „GT“ верзија на ова возило.

„McLaren“ соопшти дека оваа компанија во 2013-та година оствари рекордна заработка од 285 милиони фунти (oколу 350 милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП