21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.06.2014

Дневен хороскоп 07.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Очекувате да дојде до значителни промени на вашето работно место и вие да го најдете вашето место под сонцето, но во меѓувреме сепак се распрашувате за некои други можности за да не зависите целосно од оние кои постојано ви ветуваат нешто но никако да го исполнат.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ова би можел да биде возбудлив ден за оние кои работните обврски не ги завршиле во текот на работните денови, така вашиот ден ќе биде исполнет со гужви, трчаници и борба со времето. Овој период ќе бидете чувствители кога станува збор за работата, мислите дека вашите шефови не го ценат вашиот труд доволно. Штедете пари, наскоро ќе се појави можност за добра инвестиција.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вниманието ќе ви биде насочено кон финансиите и некакви сериозни акции и трансакции кои мислите да ги сторите или кон некакво вреднување на некакви нешта, можеби дури и личности, низ сериозни и конструктивни разговори или размена на информации. Исто така, и вашата трудољубивост ќе биде во подем и тоа не само денес, туку и во следните неколку дена.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес и во следните неколку дена имате мотиви и енергија да започнете со реализација на планови и идеи кои ги имате доста долго во умот и чија реализација секако ќе ви предизвика доста задоволства и среќа. Имате енергија и успешноста е правопропорционална со мотивите кои ве туркаат напред.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Би било добро да се потрудите со партнерот да пронајдете заеднички јазик за некои важни прашања кои се однесуваат на организацијата на вашиот живот. Ќе имате можност да се сретнете со некоја Вага или Бик и можно е заедничко излегување. Ако сте во долга врска или во брак, големо влијание на вашиот партнер има еден Рак.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Она за што сонувате би можело да се случи, особено во врска со некој страствен знак како Шкорпија или Јарец. Можна е тајна врска со некој кој го среќавате во деловните кругови или ако имате намера некаде заедно да патувате. Средновечните Девици можат да се надеваат на додворување од страна на некоја влијателна личност.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ова е еден од подобрите денови, посебно за оние комуникативните и чувствителните Ваги кои по секоја цена сакаат да му покажат на партнерот колку им значи тој да биде среќен. Нема да ја покажете својата страственост целосно туку ќе примените класичен начин на заведување.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Она што вам може да ви се случува во следните неколку дена се секако задоволствата од некакви ваши активности и напори на јавен план или успеси во работата, кои ќе ве направат задоволни, а притоа ќе имате и значајна финансиска поткрепа или приливи. Штедете пари, ќе ви бидат потребни за некој нов проект во кој ќе сакате да инвестирате.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Бурно реагирате на секоја ситуација. Ви недостасува одлучност, па незадоволство комбинирано со страв го манифестирате во вид на стрес. Професионалната ситуација е под строга контрола. Вашите колеги ќе се разочараат од вас и вашиот однос кон новите проекти, бидете подготвени да го поправите тоа.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можеби ќе работите некоја работа која вам не ви се допаѓа. Во овој момент не можете многу да бирате. Немојте да се нервирате ако мислите дека губите време, бидејќи подобро е да работите нешто отколку да седите дома. Успехот ќе дојде брзо, но само ако се добро испланирате.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Немојте да се нервирате поради работата, туку правете така како што мислите дека е најдобро. На крајот на овој месец некои работи ќе се поместат, работи кои досега биле закочени, ограничени, оние поради кои сте биле незадоволни. Комуницирајте со колегите, на тој начин и тие ќе ви помогнат.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку сте планирале приватен бизнис, сега е можност за тоа. Договорете се со семејството или пријателите, разработете заедно некој нов бизнис. Доколку веќе работите приватно, овој период ќе биде сјаен за вас. Обидете се да ги искористите сите бенефити кои ќе ви бидат понудени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП