Овен (21.03 – 20.04)
Заборавете на ветувањето кое сте и го дале на некоја ваша блиска личност, бидејќи не ќе бидете во состојба да го исполните. На работното место ќе се соочите со препреки. Најдете подобро решение за проблемот. Финансиите ви се одлични но внимавајте, бидејќи трошите без контрола.
Бик (21.04 – 21.05)
Павилно ќе ја прецените моменталната ситуација на работното место но ќе заборавите на некои помали делови кои се доста важни. Ќе ви помогне ваш стар пријател или колега и ќе направи работата да биде спасена. Преоптоварени сте со деловни обврски и немате доволно време за приватниот живот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Потребно е да вложувате многу труд за правилно и навремено извршување на работните задачи и воопшто за постигнување на некој успех. Комуникативноста денес ќе ви биде одлична , но тоа не значи дека треба да се впуштите во решавање на проблемите поврзани со склучување на договори.
Рак (22.06 – 22.07)
Одличен ден за работа. Со поамбициозните работи сте на прав пат па затоа ќе имате напредок. Односите со соработниците и претпоставените се задоволителни, а финансиската состојба ви задава грижи. Во приватниот живот ќе имате многу среќен ден.
Лав (23.07 – 22.08)
Со причина ќе бидете загрижени за понатамошниот развој на случувањата врзани со работното место. Моменталните случувања се доста сериозни, но секако дека вие не сте единствени кои се соочувате со проблемот. До вас се вашите колеги кои ќе ви помогнат да ја пребродите моменталната ситуација.
Девица (23.08 – 22.09)
Вашите комуникации се одлични, но истовремено ќе се појават некои проблеми кои највероватно ќе бидат поврзани со некој подолготраен проблем во вашиот живот. Тие проблеми ќе бидат се понагласени, а паралелно со тоа ситуацијата во деловните односи ќе се подобрува.
Вага (23.09 – 22.10)
Работните задачи воопшто нема да ви претставуваат проблем, ги извршувате со големо задоволство и елан. Ви се закануваат финансиски неприлики, па најдобро би било да бидете внимателни во трошењето. Бидете трпеливи ситуацијата ќе се подобри.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Најзначајно за вас денес е искористувањето на вашите ментални потенцијали. Ќе бидете постојано исполнети со прогресивни идеи, кои ќе наидат на одличен прием, било каде да ги презентирате. Начинот на кој тоа го правите е професионален и оставате силен впечаток кај сите ваши слушатели.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ви се зголемува опасноста од кавги што ќе го ограничи вашето делување. Нема да имате енергија, ќе бидете раздразливи и најчесто лошо насочени. Вашите проекти можат да се изјаловат, бидејќи нешто сосема грешно сте направиле. Не е време за започнување на нови работи.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ситуацијата ви се подобрува. Ќе бидете ведри ќе наидувате на многу задоволства и дружење. Ова е добар ден за склопување на нови пријателства како и за друштвениот живот кој не мора да биде диригиран од деловните интересеи, но во иднина може да се покаже и работно корисен.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе имате многу сила за да можете да ги совладате препреките. Ќе бидете помалку раздразливи, па опасноста од распраии со околината ќе биде се помала. Најдобро ви е аспектирана упорната работа. Имате изгледи да ја стабилизирате вашата ситуација, но за тоа ќе морате да посветите многу енергија.
Риби (20.02 – 20.03)
Вашата самодоверба се зголемува како и угледот во очите на луѓето со кои морате да соработувате така што вашата положба значително ќе се подобри. Во секој случај работите ќе се одвиваат онака како што планирате. Што се однесува до љубовта, ќе биде присутна љубомората, а недостатокот на слободно време со вашиот партнер ќе ви прави проблеми.