21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.06.2014

Дневен хороскоп 05.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Подгответе се однапред денеска ве очекува многу работа. Ако не можете сами побарајте некој кој ќе ви помогне. Не дозволувајте некој злобен колега да ви ги расипе вашите работни планови. Во љубовниот живот не ги ги сокривајте емоциите

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекуваат новини на работно поле, но овие промени ќе бараат од вас жртва. Ќе морате да превземете и дел од работата на другите, бидејќи вашите интереси се заеднички. Решавањето на проблемот што ве измаувал многу ќе ве расположи. Постои можност за некое патување и на вас останува да одлучите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе бидете оптеретени со секојдневните работни обврски. Дколку сте во можност одвоете ги своите мисли и работните обврски и посветете се на партнерот. Покрај тоа што од вас ќе го извлече најдоброто, што во моментот можете да го дадете ќе добиете нежност и љубов, а тоа ви е потребно повеќе одколку што мислите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Напнатоста се намалува, ќе бидете задоволни со себе, а ќе се подобрат и односите со соработниците, роднините и пријателите. Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ве очекуваат напнатости. Деловните односи донекаде ви се пореметени, но набрзо тоа ќе се подобри. Најмногу задоволство ќе наоѓате во необавезните дружења и контакти со луѓето кои ги сакате. Финансиската ситуација помалку ќе ве измачува, вашите примања се помали од моменталните трошоци.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не ќе можете реално да ја процените ситуацијата и луѓето околу вас. Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно-финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Работете ја работата посериозно и целосно. Површното работење може негативно да делува врз вашата работа, а особено врз финансискиот дел. Поради новонастанатата ситуација на работното место ќе морате некои работи да ги менувате од корен. Не донесувајте битни одлуки на брзина.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некои од вас ќе се соочат со сериозни професинални дилеми и ќе им биде потребна голема мудрост за да го повлечете правилниот конец. Сите претставници на овој знак ќе мора да обрнат повеќе внимание на здравјето, бидејќи се можни проблеми.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во текот на денот ќе ви се наметне потреба да бидете природни и да покажете поголема амбициозност. Не применувајте агресивно убедување и претерано зборување во комуникациите, затоа што ефектот може да биде обратен.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе бидете несигурни во работата која ја работите особено во средување на некои документи. Очекувајте успех од личност од вашето семејство што за вас ќе биде голема радост. Ве очекуваат парични проблеми исплатите кои ги очекувате ќе бидат помали, па не е исклучена можноста да се обратите некому за позајмица.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можеби денеска ќе ви се укаже прилика за патување, која не треба да ја пропуштите. Прифатете ги сите деловни понуди кои потекнуваат од странство. Успех му престои и на оние претставници чија работа се состои од патување.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ви се закануваат агресии, но засега ќе успевате да ги избегнете кавгите со околината особено со колегите и претпоставените. Ќе бидете нервозни и вашите потези нема да даваат најдобри резултати. Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП